Жени: Векот низ промени

130 години жени низ фотографии во National Geographic.

Пред 100-годишнината на 19-тиот амандман, National Geographic ја објавува Жени: Векот низ промени, книга која ја прикажува богатата 130-годишна архива фотографии од и со жени. Како што кажува уредничката на списанието, Сузан Голдберг во воведот, книгата треба да понуди „поглед на жените низ времето - како се гледало на нив, како биле третирани, колку имале или немале моќ - сè до денес.” Главната цел е сепак, „да се осветли животот на жените.”

Портрет на Оџибвеј, или Чипева индијанче

Истражувачка во пештерите Карлсбад во Њу Мексико.

Женски марш во Вашингтон, фотографија направена во 1913-та.

Џуџу, заробено шимпанзо посегнува по Д-р Џејн Гудал.

Поглаварка Кејлин Одри Сиск Франко - спиритуален водач и последен говорител на јазикот на нејзиното племе - праќа молитви со чад кон планината Шаста во Калифорнија.

На фарма во Кентаки, девојчиња си играат на пауза од еднодневна мајки-ќерки екскурзија со која им се помага да си ги разберат и ценат телата додека им се менуваат со пубертетот.

Ученички од Гана се подготвуваат за отворањето на породилната клиника и носат столчиња.

Три Јапонки во традиционални кимона, зад јапонски цреши, 1918-та.

Бремената Нур Ниса се пораѓа, со помош на мајка и, откако им се расипува колата на пат до болница во Авганистан.

Турист во Венеција, облечен во костим.

извор

19 ноември 2019 - 15:50