„Ова не е филм за Мајлс Дејвис“, би требало да гласи првата реченица од освртов. Затоа што мешавината на факти и фикција во него главно тежи на страната на измисленото, замисленото, сеченото и лепеното од животот на славниот трубач.
Интелектуалното ривалство, како што пишувавме, може да биде добра работа. Но истото може и да биде причина и за спротивното - достигнување на интелектуално дно.
Славниот британски писател бил многу чувствителен на мириси. На овој необичен аспект на неговиот лик и дело е посветена нова книга, под наслов „Орвеловиот нос: патолошка биографија“.
Oд 1912-1952, во склоп на Олимписките игри биле доделувани медали за сликарство, скулптура, архитектура, книжевност и музика, вели единствената книга објавена на оваа тема, „Заборавените олимписки уметнички игри“.
Сликите на Ван Гог или скулптурите на Микеланџело предизвикуваат восхит и чувство дека нивните автори допреле до нешто поголемо од нив. Истото тоа чувство би требало да го имаме кога сме на интернет, вели авторка на нова книга на оваа тема.
Ејми Херман е историчарка на уметност, но таа држи курсеви за визуелно „описменување" на голем број професии кои немаат директна врска со уметноста - полицајци, бизнисмени, болничари. Сега има и нова книга.
Рајнер Стак, германски писател, е најпознат по неговата детална и дебела биографија на Кафка од три тома и 1,500 страници. Во новата книга тој открива некои необични детали за славниот писател, до кои дошол во текот на долгото истражување на архиви од Прага до Израел.