Има форма на купола, правењето трае (пре)долго, ама резултатот е толку вкусен што се јаде за миг. Италијанците се обидуваат да го заштитат својот божикен колач од напливот инфериорни имитации.
Мајка сте од деветиот век, а синот-тинејџер ви е киднапиран од политичкиот ривал на вашиот сопруг. Оддалечени сте со километри. Нема интернет. Но сакате вашето дете да добие добро образование. Што ќе сторите?
Баронот Франц Нопча фон Фелше-Шилвас бил унгарски авантурист, палеонтолог, албанолог. Бајазид Елмаз Дода бил албански етнограф и фотограф. Нивната крајно интересна а трагична приказна е материјал за роман, кој не е напишан. Но и на документарец кој е направен во 2016.
Поради пандемијата, опседнатоста со миењето раце и зголемената хигиена е нагласена. Но и без тоа, дел сме од „дезодорирана“ епоха, во која стереотипно сметаме дека нечистотијата и опојниот мирис на немиени мишки не им пречеле на нашите предци. Што и не е баш така.
Срамот е емоција која стои во темелите на човечкиот поредок. На почетокот, Адам и Ева не се срамеле. Потоа каснале од дрвото на знаењето, очите им се отвориле, сфатиле дека се голи и се покриле со смоквини лисја. Токму нивниот срам е она што ги направило луѓе. И обратно, отсуството на срам се толкува како знак на нечовечност.
Неговото име потекнува од стар шведски збор кое значи „штици кои се користат за заштита на бродски товар“. Ако го толкуваме како обезбедена архитектонска структура, често под земја, чија намена е заштита на луѓето или на скапоцени предмети во тек на криза, тогаш бункерот е најстариот тип објект направен од луѓе.
Еppur si muove! Ова е славната реченица која му се припишува на Галилео Галилеј, а се однесува на планетата Земја. Дали тој навистина некогаш ја изустил?
Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?
Aко деновиве ви се случило да одбиете да се ракувате до сега веројатно ве прогласиле за арогантен или ненормален. Иако ракувањето докажано пренесува патогени, ритуалот е толку длабоко всаден, што луѓето се збунети кога остануваат без него.
„Езерото е најубавата и најекспресивната црта на пејзажот“, вели мотото на нова книга на Капка Касабова, „Кон езерото: балканско патување на војната и мирот“.
Околу 80 проценти од светот е зависник од една психоактивна супстанца, на која, бидејќи е дозволена и широко распространета, не ни гледаме како на таква. На здравје кафето!
Во момент кога Кина го проширува карантинот кој треба да спречи експанзија на коронавирусот на 12 градови со вкупно 35 милиони жители, да погледнеме во историјата на овој феномен, и дали ваквите мерки реално помогнале во заштита на населението.
Kнигата која во Србија се појави во мај оваа година, и веќе доживува петто издание, се опишува како прва биографија на историскиот лик на Марко Мрњавчевиќ. Но со оглед на тоа што Крале Марко не е само српски, туку и епски лик во фолклорот на сите Јужни Словени, тешко е да се објасни зошто требаше толку време за да се појави една ваква книга.
Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Од почетоците на земјоделството до современото производство на пиво, оваа книга чие објавување се планира за октомври, покрива цели 9000 години историја на пијалокот на којшто се насладуваме додека ги пишуваме овие редови (добро де, радлерче).
Грижењето, или по нашки секирањето, е необична активност за „жанровско" одредување. За оние кои често го прават тоа, работата е сериозна. Но ниту еден психијатар нема да ви каже дека сте патолошки случај само затоа што се грижите, освен ако тоа не преминува во параноја.
Teкстов повеќе звучи како нешто што би било соодветно да се објави на „денот на заљубените". Ама за бакнување не ви треба посебен повод, само субјект со кого би си ги допирале усните или триеле носевите, што можеби не е баш бакнеж, но според антрополозите е подеднакво важно „бакнувачко однесување".
Нова книга под наслов „Искубано: историјата на отстранување влакна" од Ребека Херциг испитува еден необичен феномен - и покрај тоа што повеќето од цицачите на планетата поседуваат обилно крзно, само човекот минува низ триста маки за да го отстрани. Зошто?
Колку пати сте слушнале дека некој „сака да чита", или сте изјавиле дека сте „љубител на добрата книга"? Нашата врска со книгите често личи на љубовна приказна, која вклучува занесеност, интимност, опсесивност. Но односот кон книгите и читањето не бил отсекогаш таков.