Не знаеме дали е ова нормално или не, а можеби е нормално штом влегува во оквирот на балканскиот фудбал. Иако ова е класична вест адекватна за селски фудбал, а не за играч од клуб кој игра и во Лига на шампиони.
Фудбалерот на Динамо Загреб најверојатно постави некој рекорд, а воедно го доби и нашето ценето признание за офсајд лик на денот. Анте Рукавина заработи црвен картон по само 30 секунди откако влезе во игра.