Крајот на „петербуршката“ тројка

Слика на двајца моќни руски политичари и функционери, и еден речиси анонимен советник на градоначалникот на Санкт Петербург кој „знае да заврши работа“.

Чубајс, Собчак, Путин

Најлево Анатолиј Чубајс, заменикот на градоначалникот на Санкт Петерсбург и еден од водечките „млади реформатори“ на Русија во 1990-те, кои ги иницираат реформите во Русија по распадот на СССР.

Средина, Анатолиј Собчак, во време кога е градоначалник на Санкт Петерсбург, исто така поборник на реформите.

Во ќош, советникот на Собчак за меѓународни работи и поранешен агент на КГБ кој го напушта бирото по државниот удар против Горбачов, Владмир Путин.

Собчак почина на 19 февруари 2000, неполни 50 денови откако неговиот советник стана претседател на Русија.

Вчера беше објавено дека Чубајс поднел оставка на сите функции во руската Влада и ја напуштил Русија. Кратко по ова беше објавена „фотографија од читател“ од Чубајс на банкомат во Истанбул:

Друг водечки член на „Младореформаторы“ беше Борис Немцов. Борис Немцов беше убиен во Москва на 27 февруари 2015, во тоа време водечки опозициски лидер против Путин.

Уште една од времето кога уште е градски службеник и верна сенка на Собчак:

24 март 2022 - 11:03