Општа радост:

Сега може нов нос без операција

Не нож -туку шприц, игла и хијалурон.

Фино е да се живее во свет каде што пластичните операции постојат како опција. Не мора баш да трчаме во операциона сала секогаш кога огледалото нè мрази, ама ако баш ич не можеш да поднесеш одреден дел од себе и те мачи секојдневно, утешително е да знаеш дека има начин да го средиш тоа. Поборниците за „внатрешна“ и „природна“ убавина со задоволство би те нарекле површен, ама ако носот те вреѓа секогаш кога ќе си го начекаш одразот, сега има уште една опција.

Нехируршка корекција на нос е процедура која од прилика изгледа вака: ти ставаат локален анестетик на носот, и со минијатурна игла те боцкаат и ти вбризгуваат хијалуронска киселина. Самата супстанца веќе ја имаме во организмот и, наједноставно кажано, служи за кожата да ни биде мазна и еластична. Од овие причини, корекцијата што ќе се направи не е трајна како вообичаената операција на нос и може да се повторува на одредено време.

А што може да поправи? Криви, неправилни и грбави носеви, измазнува нерамнини, убавите ги прави уште поубави, а промената е многу суптилна.

Еве, видете:

22 јуни 2017 - 08:07