- Ако мислевте дека двочасовно интервју кај Опра, подкаст од 12 епизоди и документарна серија на Нетфликс се доволни да се раскаже приказната на принцот Хари - размислете повторно. Доаѓаат и мемоарите.
- Како што обично бива, протекоа и информации за содржината, па луѓето веќе ја коментираат бизарноста на некои од нив: за физичкиот напад на Вилијам кон Хари веќе сите напишаа, но што правиме со тврдењето дека идните крал и кралица „го охрабрувале да го носи нацистичкиот костим за маскенбал?
- Вели дека со Вилијам го замолиле Чарлс да не се жени со Камила, но сепак препознале дека конечно ќе биде со жената што ја сака.
- Криво му е што гледал секс-сцени со Меган во серијата Suits и зажалил што гуглал.
- Некогаш и самиот теоретизирал дека принцезата Дајана ја лажирала сопствената смрт.
- Настанот е The Fragrance Foundation Awards, или еквивалентот на Оскарите во светот на парфемите и се одржа во театарот Дејвид Х. Кох во Њујорк. Присуствуваа над илјада посетители, меѓу кои и славни личности, дизајнери и инфлуенсери.
- Се доделуваат награди за извонредни достигнувања во парфемската индустрија и меѓу наградените се Жил Андрие од компанијата Givaudan и мајсторот на Bvlgari и Луи Витон, Жак Кавалие-Белтруд.
- Има категории како „делукс“ и „престиж“ за мажи и жени, парфем на годината, парфем екстраординер, хол оф фејм и избор на потрошувачите.
- Ни се заканува нешто што се вика кафе-апокалипса. Некои истражувања покажуваат дека климатските промени влијаат на места каде што се одгледува кафе и дека до 2050, ќе има помалку од половина од залихите што ги имаме сега.
- Жешките температури ги прават растенијата поранливи на штетници и други закани. Во исто време, сè повеќе се бара кафе во светот.
- Во обид да се одложи ова, има научници што работат на нови, поиздржливи зрна, што би нè спасиле од овие проблеми - растат клетки од кафе во лабораторија, наместо на дрва. Други бараат замени и одржливи состојки, а додаваат кофеин, заради ефектот.