Која е „Е“?

Постои, има неверојатни 35 номинации за Оскар и 8 Oскари. И скроз е погодена во The Incredibles.

Една Мод, дизајнерката на суперхеројски костими од The Incredibles е толку еден специфичен лик, што некако знаеш дека е базиран на вистинска личност, само никако да ја начекаш информацијата. И кога ќе најдеш случајно на интернет, вилицата ти паѓа до земја.

Едит Хед е номинирана за Оскар 35 пати, а дома има однесено 8 Оскари. За Парамоунт дизајнира костими цели 43 години, пред да се префрли во Универзал во 1967-ма, најверојатно затоа што и Хичкок се префрлил. Има работено на сите филмови што сме ги сакале и гледале, или барем сме се преправале дека сме ги гледале.

Погледнете ја Бети Дејвис и плачете.

Првата номинација, заедно со Жил Стил е во 1949-та за The Emperor Waltz, а првиот Оскар го добива во 1950-та година за The Heiress. До 1970-та веќе има 31 номинација, меѓу кои и за соработката со Хичкок на Вртоглавица и Птици, и за Буч Кесиди и Санденс Кид со Пол Њумен и Роберт Редфорд кој ѝ е омилен филм. За него вели „Омилен во однос на забава, не заради мојот дизајн. Имаше сè – хумор, акција, романтика и двајцата најзгодни мажи во Холивуд.“

Ќе си ја урамам сликава.

До крајот на животот, Едит Хед создава наследство, како најпознатиот и најспособен костимограф во Холивуд. Има работено на повеќе од 1100 (со букви: Илјада и сто!) филмови, а ги дизајнирала и униформите за жените од американската Крајбрежна стража на крајот на ’70-тите. Тоа како да не е доволно, па напишала и книги, „Доктор за фустани“ (или облекување? – The Dress Doctor), „Како да се облечеш за успех“ (How To Dress For Success), а постхумно е објавена и книгата „Холивуд на Едит Хед“ (Edith Head’s Hollywood).

Овде можеме да видиме дека не е толку страшна како „Е“, ама сигурно не ѝ недостасува строгост и одважност:

Во филмскиот рај отишла на 83 години, на 24-ти октомври, 1983-та.

Списокот на филмови тука.

А под ова, костимите на Едит Хед како мрдаат на некои од најневеројатните жени што сме ги виделе на филм:

29 мај 2017 - 09:29