Видео

Историски точен Дизни

Сцената е позната. Прекрасна девојка со убав глас, шета низ селото и ја опева својата судбина што секогаш завршува со „Кога ќе си го најдам принцот?“, подзборнува со селаните и го опишува светот околу себе и своите тинејџерски маки. И искашлува крв, затоа што - чума.

Дизни обработува бајки и народни приказни. Ние од деца сме навикнати дека тоа е секогаш еден волшебен збир од настани, каде што, најубавите и најизмалтретраните секогаш завршуваат среќно.

А историјата, се разбира, има приговор.

Прво, видете го овој историски точен МРАК:

Второ, кога се шеташ распеано по селото, не налетуваш на симпатични комшии, туку на ова:

А ако налеташ на комшии, тогаш тоа е ковачот, со ќерка му, трудна од брат ѝ:

Нема баш толку самовили, колку што има статуи од Исус, со натпис „Не кради“ и раце од крадци закачени на неа за пример.

Затоа што е Дизни, Евреите живеат во шума (и непријатно потсетуваат на Вуди Ален и Бен Кингсли):

Аладин не успеа да избега (ете од кај се рацете).

И на крај, еве го видеото, да научиме нешто.

Музика!

 

24 мај 2017 - 11:00