И да не се враќате

Туристка е избезумена дека стражарот ѝ рекол да не го закача коњот за кој има истакнато правило - да не се закача.

Кралскиот стражар го фатиле на снимка (што нормално станува вирална на ТикТок) како ѝ свикува на една жена да не ги допира уздите на коњот.

„Држете се понастрана од чуварите на кралицата, не ги допирајте уздите!“ е хоророт што ја снашол.

Под видеото строго ќе напишат: „Никогаш нема да се вратиме во Лондон после овој инцидент.“ како на некого да му е гајле.

Од војската има и одговор, и тоа крајно пристоен:

„Сите вакви инциденти ги сфаќаме сериозно и сакаме да им порачаме на тие што ги посетуваат коњаниците да уживаат. Овој дел е особено посетен од туристи и повремено, војниците на стража мораат гласно да викнат за да ја предупредат јавноста да не се доближува премногу до коњите, како што било и во овој случај.

Имаме поставено знаци покрај нив, каде што пишува дека гризат и секогаш им кажуваме на луѓето да не се доближуваат премногу бидејќи сепак се животни и можат да бидат непредвидливи“.

Сѐ е сумирано во еден од коментарите на ТикТок:

„Стварно не им е гајле дали ќе дојдете пак, ви гарантирам.“

4 август 2022 - 00:01