Европа реши да почека со забраната за лаптоп во авион

Односно, да не паничиме, по многубројните роднини во Европа сè уште ќе летаме со лаптоп и таблет, да си знаете. Причината за тоа е што Европа реши да ја одложи забраната заради една поинаква опасност.

После четиричасовен состанок во Брисел меѓу американското и европското обезбедување на тема „дали лаптоп во авион и зошто не“, европската страна одлучи дека сепак не им е паметно да ги пакуваат електронските уреди во делот за чекиран багаж.

„Со оглед на ризикот овие уреди да се запалат кога се оштетени или имаат краток спој, инцидент во кабината би се забележал порано и екипажот би можел брзо да реагира, пред пожарот да стане незадржлив,“ вели Стив Ланделс, експерт за безбедност во Пилотската асоцијација на британската авијација за БиБиСи. „Ако овие уреди се држат каде што никој не ги контролира, постои ризик од катастрофални резултати – досега имало две несреќи поради литиумски батерии.“

Во Америка пак, забраната веќе важи, но не за сè живо што лета, туку Homeland Security забрани електронски уреди (лаптопи, таблети, дури и Киндл) за летови што доаѓаат од аеродромите на 8 земји од блискиот Исток.

Причината е опасноста од криење бомби во батерии од ваквите уреди.

23 мај 2017 - 12:40