- Дваесетина војници пристигнаа денес во Литванија, подоцна оваа година ќе им се придружат уште 150 припадници на германската војска а се очекува германскиот воен контингент до 2027 година да брои 5.000 војници.
- „Ова е прв пат трајно да стационираме некоја своја воена единица надвор од Германија“, кажа германскиот министер за одбрана Борис Писториус во Берлин.
- Литванските лидери го поздравија настанот како „историски“.
- Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд (МКС), неговата независност и борбата против неказнивоста, соопшти нејзиното Министерство за надворешни работи, откако обвинителот на судот побара налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неговиот министер за одбрана Јоав Галант и тројца лидери на Хамас.
- Се придружи и Белгија чиј шеф на дипломатијата порача: „Злосторствата извршени во Газа мора да бидат кривично гонети на највисоко ниво, без оглед на сторителите.
- Барањето на обвинителот на Хаг, американскиот претседател го нападна како срамно и шокантно.
- Сојузниците од ЕУ и НАТО ќе се најдат во комплицирана дипломатска позиција при произнесување по ова прашање.