(ФОТО) ЕКСКЛУЗИВНО!!! Откриен кој е банкарот од квизот “Се или Нешто“.

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Македонија24.

По долгигодини емитување на ТВ Сител на популарниот квиз „Се или нешто“, конечно е откриен мал дел од загатката кој е банкарот на Лила.

Она што е познато, е дека банкарот односно личноста која е одговорна за милионот, освен економијата има познавања од разни области, па секогаш со натпреварувачите кои играат против него знае да сподели интересни анегдоти кои ги пренесува неговата претпоставена, водителката Лила.

Па така, во најновото издание на „Се или нешто“, во играта на кандидатот Бобан Велков од Скопје, банкарот се опушти да каже нешто повеќе за себе.

Најпрвин, Бобан сподели дека дел од освоените пари можеби ќе ги потроши за да го реши проблемот со ќелавоста, а пак Лила се надоврза и откри дека и банкарот е ќелав. Тој пак не додржа и веднаш заѕвони на телефон за да дополни дека освен што е ќелав, носи и шешир. Ова е првпат поселе толку години верните гледачи на квизот да дознаат нешто повеќе за човекот кој е најголемата мистерија од популатната ТВ игра.

Eксклузивно ѕирнавме во канцеларијата на банкарот и откри кој е. Овие тројца личности во мобилната режија надвор од студиото, ги поттикна да нагодуваат дека еден од нив е навистина банкарот.

Оставаме на вас да откриете кои од овие тројца е Банкарот.. ПИШЕТЕ НИ ВО КОМЕНТАР СО ВАШЕ МИСЛЕЊЕ!

19 март 2022 - 11:01