За љубители на паста

Тестенини со печурки и колбаси

Рецепт за тестенини во крем сос од печурки, вино и колбаси.

Време на подготовка:
10 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
40 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 250 гр. спирални тестенини
  • 380 гр. колбаси
  • 2 лажици маслиново масло
  • 600 гр. печурки
  • 50 гр. сецкан кромид
  • 2 чешниња лук
  • 200 мл. вегетаријанска супа од коцка
  • 50 мл. бело вино
  • 100 мл. хопла
  • 50 мл. павлака
  • 60 гр. кремсирење
  • 5 лажици ситно сецкан магдонос
  • сол и бибер

Подготовка

Згответе ги тестенините во тенџере со вода според упатството на ќесата. Додека се готват тестенините пропржете ги колбасите, ситно исецкани, во тава на среден оган додека да добијат кафеава боја. Потоа префрлете ги во чинија.
Во истата тава загрејте две лажици маслиново масло на среден оган. Додадете ги сецканите печурки, кромид и лук. Гответе ги 5 минути додека печурките да омекнат. Додадете бело вино и вегетаријанска супа од коцка. Промешајте и гответе го сосот 5 минути. Потоа вратете ги колбасите во тавата со сосот. Измешајте во еден сад хопла, кремсирење и павлака. Додадете ги во сосот и добро промешајте го. Гответе го околу 5-7 минути додека да се растопи сирењето и сосот малку да згусне. Потоа додадете ги тестенините во приготвениот сос и добро промешајте ги.
Зачинете ги со сол и бибер по вкус и послужете ги.
На здравје!

22 август 2012 - 21:33