Сочно и вкусно

Пилешко со ореви

Вкусно пилешко печено со рузмарин и ореви.

Време на подготовка:
60 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
1 ч. 30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 6 пилешки гради
  • 2 лажици сол
  • 100 гр. ситно сецкани ореви
  • 2 лажици рузмарин
  • 2 чешниња лук
  • 3 лажици масло
  • сол и бибер

Подготовка

Наполнете еден сад со ладна вода и додадете две лажици сол. Ставете ги пилешките гради во садот и потоа оставете ги да одстојат во фрижидер еден час.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте еден огноотпорен сад со 1 лажица масло. Во мал сад измешајте ги оревите, рузмаринот и ситно сецкан лук. Извадете го пилешкото од водата и избришете го со хартиена салфетка. Наредете го пилешкото во садот за печење во еден ред. Одозгора истурете ја смесата со оревите и добро притиснете ја врз месото за да се залепи. Зачинете го пилешкото со 2 лажици масло, сол и бибер и ставете го да се пече. Печете го 30 минути додека да добие златно жолта боја.

Послужете го веднаш со свежа сезонска салата како гарнир.

На здравје!

3 септември 2012 - 07:00