Без месо

Мусака од модар патлиџан со кашкавал

Една од варијантите на мусака без месо, а необичниот момент се панираните модри патлиџани.

Време на подготовка:
40 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
50 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 модри патлиџани

  • 1 кафена лажичка морска сол

  • 450 гр. брашно

  • 1 големо јајце (или повеќе по потреба)

  • 60 мл. маслиново масло за пржење

  • 450 мл. доматен сос

  • 400 гр. козјо сирење

  • 100 гр. изредан кашкавал

  • листови свеж босилек

Подготовка

Излупете ги модрите патлиџани и исечете ги на тенки парчиња по должина. Зачинете ги парчињата со половина лажичка морска сол од двете страни и оставете ги да се цедат околу 15 минути. Помешајте половина лажичка морска сол во брашното. Исушете ги парчињата модар патлиџан со хартија. Загрејте го маслото на средна температурата. Изматете го јајцето во еден сад. Секое парче модар патлиџан панирајте го прво во јајцето а потоа во брашното и ставете го во загреаната тава. Пржете го модриот патлиџан неколку минути од секоја страна додека не добие златно кафена боја, а потоа ставете ги испржените парчиња на хартија за да се апсорбира вишокот масло.

Во тава за печење ставете еден слој од сосот од домати, потоа еден слој од парчињата модар патлиџан и испрскајте со изронето козјо сирење и кашкавал.

Повторете ја постапката додека ги искористите сите состојки и завршете со слој рендан кашкавал. По желба ставете неколку ливчиња босилек на врвот. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути. Оставете ја мусаката да се излади и потоа исечете ја на парчиња.

26 мај 2012 - 07:00