Овошна пита

Мали пити со вишни

Вкусен рецепт за лиснато тесто со вишни.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
1 ч. 10 мин.

Порции

9 лица

Состојки

  • 1 и 1/2 лажица пченкарно брашно
  • 350 гр. вишни без семки
  • 120 гр. шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/8 лажичка сол
  • 400 гр. лиснато тесто
  • брашно
  • 1 јајце
  • 1 и 1/2 лажичка кафеав шеќер

Подготовка

Ставете хартија за печење во плех. Загрејте ја рерната на 200 степени.

Во мал сад помешајте го пченкарното брашно со една и пол лажица ладна вода. Додадете ги вишните, шеќерот, екстрактот од ванила и солта во тенџере и гответе на средна температура со често мешање околу 5 минути. Додадете го пченкарното брашно, и зовријте го сосот со постојано мешање. Тргнете го тенџерето и оставете го да се излади со повремено мешање.

Исукајте го лиснатото тесто во правоаголник и исечете 9 правоаголници (15 на 12 цм). Изматете ја белката од јајцето со 1 лажица вода. Земете едно од парчињата лиснато тесто. Намачкајте ги краевите со изматената белка. Во средина на правоаголникот ставете три лажици од приготвената смеса. Преклопете го правоаголникот, така што ќе ги споите пократките страни. Со вилушка притиснете ги рабовите за да се спојат. Со нож од горната страна напревете неколку засеци. Повторете ја постапката со сите парчиња лиснато тесто. Со малку белка од јајце премачкајте ги питите одозгора и попрскајте од кафеавиот шеќер.

Ставете ги питите во плехот на хартијата за печење и печете 30-40 минути додека не добијат златно жолта боја. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите.

На здравје!

21 ноември 2012 - 07:00