Со јаболко

Десерт од јаболко

Вкусни мини пити со зачинето јаболко.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
10 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 парче замрзнато лиснато тесто
  • 1 јаболко, излупено и исечено на многу тенки кругови
  • 70гр. кафеав шеќер
  • 1 лажичка цимет

Подготовка

Загрејте ја рената на 200 степени.
Оставете го тестото малку да се одмрзне и расукајте го. Потоа со чаша исечете четири кругови тесто. За печење користете поголеми калапи за мафини или мали округли огноотпорни садови.
Поделете ги парчињата јаболко на 4 дела. Редете ги во калапите и помеѓу секое парче додавајте од кафеавиот шеќер. На крај зачинете ги со 1/4 лажичка цимет. Поставете ги круговите од лиснато тесто врз зачинетите јаболка во калапите. Премачкајте го тестото со малку масло и печете ги во загреаната рерна 10 минути. Оставете ги да се изладат пред да ги послужите.

14 септември 2013 - 13:35