Џабе ѝ ставате имиња на Македонија

Сите завојувачи на Македонија се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки. Залудно. Кој е роден во Македонија - знае.

„… Македонија е држава без држава, без влада; меѓутоа го има својот народ, своите закони, ја има својата култура и има сѐ што треба да ѝ припаѓа на една вистинска и посебна нација, но, нема своја автономија. Нејзината територија се наоѓа во рацете на нејзините окупатори. Чија е вината?

Секако не на Македонците!

Како може да се обвини Македонското револуционерно движење кога се гледа дека илјадници и илјадници бегалци се оддалечени од нивните домови, децата страдаат, а нивните мајки ја оплакуваат тешката судбина на своите фамилии...?

Џорџо Нуриџани, италијански историчар, лингвист и писател, во својата книга „Македонија во италијанската мисла“ (La Macedonia nel pensiero Italiano)

**************

„Сите завојувачи на Македонија – Хелените, Римјаните, варварите со нивните големи преселби, Турците, се обиделе да ја избришат македонската историска свест, наметнувајќи ѝ на земјата административни имиња, и тоа вештачки“, вели италијанскиот историчар Оскар Ранди.

„Но, залудно. Кој е роден во Македонија знае и се изјаснува дека е Македонец“, пишува Ранди во 1933 година.

1 декември 2020 - 11:48