Човекот со трубата

Среќен роденден Мајлс!

Роден на 26. мај 1926, Мајлс е нарекуван „Пикасо на џезот", „квазар на кулот" и „темниот принц". Еден од пионерите на оркестарскиот џез, фузијата на џезот и рокот, и техно фанкот.

На неговиот роденден и скорешното одбележување на 20-годишнината од неговата смрт, еве неколку не-толку-очигледни причини зошто тој е значајна појава не само во музиката, туку во современата уметност воопшто.

Неговата гардероба

Според многумина, Дејвис бил најдобро облечениот маж на 20. век. Реверите на неговите одела биле кроени така за да потсетуваат на оние на Војводата од Виндзор. Во шеесетите се префрлил на струкирани, тесно кроени италијански сакоа и рачно изработени мокасини. Успеал да изгледа кул дури и по една расправија со полицијата, кога пред камерите се појавил во жолтеникаво сако испрскано со крв. Во 70-тите неговата гардероба отишла толку далеку во фанкот колку и неговата музика, и тој бил единствениот кој можел да помине носејќи виолетови ѕвонарки и шестоаголни наочари.

Неговата експлозивна луцидност

Освен веќе познатата анегдота со Ненси Реган, постојат и бројни други кои сведочат дека тој немал влакна на трубата. Понекогаш сакал да се дружи со „обичните" луѓе, да муабети со комшиите преку плот, ама притоа сепак требало да се знае кој е кој. Кога некој комшија му пререкол дека неговото експериментирање со мешање на различни стилови во џезот не му се допаѓа, Мајлс му одговорил „Тебе да не треба да те чекам, п* ти м*".

Неговите фотографии

Дејвис е еден од ретките музичари кој на речиси сите фотографии е сосема сериозен. Сметал дека фотографирањето не е дел од неговата работа како уметник. Но на некои од нив делува стварно страшно со тоа очите, како на оваа.

Неговото готвење

Според оние кои ја имале таа среќа да го пробаат, Мајлс го правел најдоброто чили на свет. Еве го рецептот, ако сакате да засвирите по кујна.

Неговите кошаркарски способности

Познато е дека Дејвис бил страстен боксер, често вежбал во фитнес салата на Шугар Реј Орбисон во Њујорк. Помалку е познато дека бил исто така добар и во кошарка. Ова е ретка снимка од таков момент, каде тој игра со Џон Ленон, на роденденската забава на Џон во 1972. 

Со оглед на времево, изборот на една репрезентативна нумера од Мајлс сама се наметна: 

 

26 мај 2012 - 11:56