Да свакој бајци науде (како и да се вика тоа на француски)

Славното колаче на Пруст прво било обичен тост?

Едно од оние „најнови сознанија" кои би требало да внесат значајна промена во нашето толкување на нештата е она дека во раните верзии на „Во потрага по загубеното време" Пруст во детството го враќал не вкусот на мадлените, туку оној на тост или бисквит. Ќути, не е хамбургер.

Убедливо најсилната книжевна метафора за сетилноста на спомените и минувањето на времето е малото сунѓересто колаче мацнато во чај. Дури и никогаш да не сте пробале мадлена (а имаше порано кај нас нешто слично, со суво грозје, можеби од Шоко старк), заради убедливоста на Пруст и вие станувавте носталгични по нешто што никогаш и не сте го доживеале.

Но во новопронајдени скици за романот „Во потрага по загубеното време" од 1907, кои ќе бидат објавени во Франција следната недела, наместо колачево се појавува печен леб намачкан со мед, а во втора верзија тврда бисквита. Дури во третата се појавува мекото мало колаче.

„Трите претходно непознати тетратки ни овозможуваат да ја следиме книжевната генеалогија на најсилниот симбол во универзумот на Пруст", соопштува издавачот Сен Пер, кој ќе ги објави скиците.

Ако се чудите колку внимание му се посветува на едно обично пециво, треба да ги видите расправиите околу „оригиналниот" рецепт. Дали тој трпи прашок за пециво или не? Дали путерот треба прво малку да се карамелизира? Како да се постигне идеална „грпка" на колачето? Тука нешто што се нарекува совршен рецепт - не нè прашувајте каде да најдете „портокалова водичка".

22 октомври 2015 - 10:49