Таг: пруст

Славното колаче на Пруст прво било обичен тост?

Едно од оние „најнови сознанија" кои би требало да внесат значајна промена во нашето толкување на нештата е она дека во раните верзии на „Во потрага по загубеното време" Пруст во детството го враќал не вкусот на мадлените, туку оној на тост или бисквит. Ќути, не е хамбургер.

Во друштво со влијателните

На 18. мај 1922 Вајолет и Сидни Шиф организирале вечера во хотелот Мажестик во Париз. Гости: Пикасо, Стравински, Џојс и Пруст. Звучи како нечиј хипстерски сон, но вистина е. Џојс се напил, па Пруст морал да го носи до дома со шофер.

Како да сочуваш мирис

Скопските липи, сармата на мајка ви, мирисот на некој кој ви е драг - замислете да можете да си ги сочувате во кутивче, и да си „шмркате" од нив кога ќе ве фати носталгија?