Појехали!

Приказната за Јуриј Гариќ

Убава приказна за првиот југословенски космонаут, кој пет пати ја обиколил земјата. Во своето фичо.

Во 2011., по повод 50 години од првиот лет на човекот во вселената, двајца уметници - Стив Корвер и Рене Нуиџенс, патуваа низ Русија, следејќи ја трагата на ликот и делото на Гагарин. Неочекувано, проектот почна да вклучува и приказни на навидум обични луѓе од други земји, кои на овој или оној начин биле инспирирани од него.

„Првиот југословенски космонаут" зборува за Јуриј Гариќ (барем тој така се претставува), роден 1950. година, кој кога Гагарин полетал во вселената имал 11 години. Овој настан кај него се врежал засекогаш, определувајќи го натамошниот тек на неговиот живот, од изборот на факултет и улицата на која живее, до пронаоѓање тајни врски меѓу него и неговиот идол. За жал тој никогаш не успеал вистински да полета во вселената. Но црвеното фичо наместо вселенски брод и шарената кравата наместо скафандер, како и имањето детски сон, изгледа му се доволни.

30 октомври 2012 - 11:22