Дигитална анимација која плени

Оживеани сликарски мајстори

Кратка историја од ренесансата до деветнаесетиот век низ анимирана приказна за уметноста и убавината која ја создава.

Роден во 1989 во Милано, Рино Стефано Таљафиеро е експериментален аниматор и режисер. До сега главно се занимавал со кратки филмови, реклами и музички спотови.

Во ова видео тој ја истражува убавината на сликарските дела, зипувајќи стотици години историја на уметноста во помалку од десет минути.

Почнувајќи со сонет од Шекспир, тој ги прикажува делата на ренесансата до симболизмот на доцниот деветнаести век, вклучувајќи ги и маниризмот, пасторализмот, романтизмот и нео-класицизмот. Но неговите слики се анимирани така за да изгледаат живи, од нежните мајчински прегратки, детските игри, еротскиот занес на голите тела, до меланхолијата на самракот и зајдисонцата. Посветено на уметноста и нејзината обезоружувачка убавина.

Повеќе за авторот тука

17 јануари 2014 - 14:58