Ако не сте ја разрешиле до сега

Вечната мистерија на бракот

„Книга за бракот: векови совети, инспирација и поучни приказни од Адам и Ева до антидепресиви" е опишана како антологија на мудрости за институцијата, која од времето на нејзиното формирање ги тера оние кои влегле во неа по некое време да се прашаат - што ми требаше?

Со тврда корица, на речиси 600 страници, оваа нова книга е наменета на оние кои се во брак или кои имаат намера да стапат во него, но кои се сепак подготвени да го истражуваат од лежерна антрополошка дистанца. Самите уредници се брачен пар, писателите Лиза Грунвалд и Стивен Адлер. Нивната цел не е да го промовираат бракот како таков, туку да укажат на отпорноста и истрајноста на она што Маркес го нарекол „брачна конспирација".

Авторите шест години собирале артефакти, изреки, историски податоци и обичаи од светот, и ваквите извори тематски ги организирале во неколку поглавја: прстени, меден месец, страст, посветеност, храна, насилство втор брак. Од месопотамски правни договори до карикатури од Њујоркер, од Одисејата до современи серии, книгата содржи совети за домаќинки и домаќини („не ја бакнувај невестата откако ставила кармин"). Има и описи на брачните односи на познати политичари - „Ти си многу смотана, глупава, Пепелашка", ѝ напишал Наполеон на жена си откако добил од неа писмо со само „шест бедни реда".

Она што американските критичари ѝ го замеруваат на книгата е што во неа не се споменуваат други видови љубовни врски - хомосексуални, меѓукласни, меѓурасни - на кои доколку им било дозволено во минатото би можеле да бидат крунисани со брак. Но истите тие истовремено ја фалат, велејќи дека по читањето на книгата им станува појасно зошто многумина бракот го сфаќаат повеќе инструментално отколку романтично. Социолошката статистика којашто ја содржи, како на пример онаа дека ако брачниот пар има два сина шансата дека тој ќе се разведе е 36,9%, но ако има две ќерки процентот расте на 43,1, како и претходните историски документи, ја разбиваат потенцијалната прекумерна романтичност на темата, покажувајќи дека бракот и историски бил интересна мешавина на страст и прагматичност.

За сепак да не испадне дека сме расипувачи на забави, антологиската апологија на коктелот љубов-брак (коњ-кочија)

28 јуни 2015 - 10:13