Денеска во 15 часот беше соопштено дека Скопје е избран за европски главен град на културата во 2028 година. Главниот град на Македонија беше во потесен избор заедно со Будва во Црна Гора.
Скопје ја поднесе кандидатурата за европска престолнина на културата во 2018 година во мандатот на Петре Шилегов. Министер за култура тогаш беше Роберт Алаѓозовски.
В сабота на 25 мај, во Младинскиот културен центар ќе се одржи концерт по повод 25-годишнината од активната работа на рок групата Културно уметнички работници – К.У.Р.
Јубилејот ќе биде одбележан и со публикување на новата плоча со наслов „25 мај“, која претставува концертен албум со „бест оф“ материјал на бендот, снимен во живо на 25 мај 2021 година во Кино Фросина во МКЦ.
Во својата 25 годишна кариера, К.У.Р. имаат објавено шест студиски албуми, еден анплагд албум, а концертниот албум „25 Мај“ ќе биде нивно прво издание објавено и на плоча. Покрај тоа, сите изданија на бендот се дигитално објавени и може да се преземат од платформата Бендкамп, а може да се преслушуваат и на сите останати стриминг платформи. На концертот бендот ќе се претстави со двочасовен сет и репертоар од сите нивни изданија.
Во вторник (21 мај) со почеток во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата.
Како што информираат од библиотеката на промоцијата во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.