- Добитник на овогодишната пародична награда „Трупка“ (Turnip Prize) за уметничко дело направено со минимален напор и евтини материјали е господин Кип Калм со инсталацијата „Парти гејт“. Делото се состои од железна ограда (извадена од вистинска порта) и на неа закачена хартиена роденденска капа.
- Оваа година се навршуваат 25 години од воведувањето на наградата за која често сме известувале (за минатата година види тука). Таа е сатира на престижната награда Танер која ја доделува лондонската галерија Тејт.
- Кип Калм, што е веројатно псевдоним, е државен службеник и само еден од 193-те автори кои се пријавиле со свои дела. Тој ја добива наградата - вистинска репка поставена на дрвена основа, од организаторите, хотел и ресторан во Сомерсет, Англија.
- Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше признанието за Тимоти Спал за главна машка улога (за серијата „Шестата заповед“). Во својата категорија тој ги победи Брајан Кокс за „Сксешн“ и Доминик Вест за „Круната“.
- „Шестата заповед“ доби БАФТА и како мини-серија. Најдобра драмска серија е „Top Boy“ (Нетфликс), а меѓународна серија „Class Act“ (Нетфликс), во силна конкуренција на „The Bear“, "The Last of Us" и "Succession". Серијата за британското кралско семејство не доби ниту една од наградите за коишто беше номинирана - четири актерски и уште неколку во другите категории.
- БАФТА за најдобро реално шоу доби „Сквид гејм: предизвикот“, а за настан во живо минатогодишниот Евровизиски пренос од Ливерпул.
- Несекојдневен музички настан организиран од Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, којшто ќе се случи на 11 мај (сабота) со почеток во 12 часот .
- Во Градскиот парк, на „Школка“, македонскиот пијанист Дино Имери ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.
- Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти.