550 познати личности бираат:

Макартни или Ленон?

Тоа за многумина е едно од оние животно тешки прашања или камен на сопнување во дискусија, како избор помеѓу пастрмајлија со или без јајце. Ама кога треба да се одлучите помеѓу двајца екстремно талентирани и славни музичари кои патем свиреле во иста група, работата е уште покомплицирана.

550 познати фаци, интервјуирани за сосема други работи, некаде во текот на муабетот биле прашани за нивниот избор, Мекартни или Ленон. Од Дејвид Брн до Лејди Гага, некои веднаш си знаат, други се мислат, трети одбегнуваат од што не можат да се решат. Нам потежок избор од ова би ни бил само - Јоко или Оно?

Kлипот трае 34 минути, а изјавите се земани во период од 10 години. 

17 декември 2014 - 17:08