Кардио и книги: прва библиотека во која можете да читате додека вртите точак

Библиотеката во Утрехт, Холандија, воведе велосипедски штандови, овозможувајќи им на читателите ем да читаат, ем да вежбаат, ем да си ги полнат мобилните додека вртат.

Позната е опсесијата на Холанѓаните со велосипеди како основно средство за транспорт. Ни Утрехт не е исклучок, всушност градот е познат по мрежата на велосипедски патеки и друга инфраструктура која овозможува безбедно возење. Сега и главната библиотека во градот го овозможува истото, само што „патувањето“ е во место и низ читање.

Мотив за воведувањето ваква опција се последиците од продолженото седење на компјутер или наведнат над книга - ова е начин да се вклучи физичка активност во секојдневните активности, особено за младите. 

И ова не е единствениот велосипедски куриозитет во Утрехт. Тука се наоѓа и најдолгата „виножитна“ патека во светот, со должина од 570 метри. Според дизајнерите тоа е симбол кој придонесува кон чувството на инклузивност и радост додека се вози точак, особено кај децата. 

23 мај 2023 - 21:07