Оптимистичка песна на денот

Денови како овој

Кога не врне цело време, ќе има денови како овој
Кога никој не се жали, ќе има денови како овој
Кога сè си е на свое место, како прекинувач во лежиште
Мајка ми ми рече, тогаш ќе има денови како овој

Кога не мора да се грижиш, ќе има денови како овој
Кога никој не брза, ќе има денови како овој
Кога не си предаден од тој Јудни бакнеж
О, мајка ми ми рече, ќе има денови како овој

Кога не ти треба одговор, ќе има денови како овој
Кога не налетуваш на измамник, ќе има денови како овој
Кога сите парчиња од сложувалката изгледа дека се склопуваат
Тогаш мора да се сетам, ќе има денови како овој

Кога сите се отворени и никој не игра со трикови
Кога околу тебе нема манипулатори кои си ја тераат работата
Кога не е ничија работа како сакаш да живееш
Тогаш морам да се сетам - ќе има денови како овој.

Кога никој не ми гази врз соништата, ќе има денови како овој
Кога луѓето разбираат што им кажувам, ќе има денови како овој
Кога гласно ќе се заложиш за промена на тоа како стојат работите
Мајка ми ми рече, ќе има денови како овој.

 Ван Морисон

 

 

21 септември 2012 - 11:15