Бил Мар конечно призна дека е верник

Комичар, политички коментатор, телевизиски водител и писател, познат меѓу другото по неговите ригидни атеистички ставови, Бил Мар (кого ние си го викаме Бил Махер) излезе од верскиот плакар. И призна дека целата таа работа со безбожништвото е обична фарса.

„Сето тоа е глума, тоа е она со што се занимаваме", вели тој на негова пријателка, во ова сатирично видео, во кое таа го фаќа како се моли пред импровизиран олтар скриен во куфер, додавајќи дека сите пари кои ги зема од атеистите ги дава за градба на цркви.

Како дошло до тоа да стане латентен верник? Кога бил млад и напушен Го видел Него, онаков со брада и строг поглед каков што обично го претставуваат. И тоа катарзично искуство му дава за право да спомне неколку негови колеги кои исто така глумат, дека се верници и конзервативни. И кај нас ги има, ехее, со грал да ги ринеш. 

18 септември 2014 - 16:55