Што нема да измислат

Апликација „Џебен Атенборо“

Сер Дејвид е во улога на „домаќин“ во нова апликација која ќе им овозможи на корисниците на мобилни телефони да го „ангажираат“ како виртуелен водич во холографски видеа. Многу наводници за да се опише новото нормално, кое додуша и не е баш ново.

94-годишниот природонаучник и активист очигледно нема предрасуди кон новите технологии. Тој ќе биде презентер на виртуелна тура со холографски видеа во склоп на нова телефонска апликација. Таа се планира како дел од кампања за промоција на „Зелената планета“, природонаучна серија на на Би-би-си најавена за следната година. Апликацијата е во рана фаза на изработка, и допрва треба да помине низ процес на тестирање со корисници.

Идејата е луѓето да ја користат апликацијата, опишана од креаторите како „Џебен Атенборо“, на различни места низ Британија (барем во првата фаза) за да дознаат повеќе за нив, на сличен начин како што функционираше Покемон Го. Преку апликацијата ќе можат да се видат дигитални растенија и животни во контекст на реалниот свет.

Ова е еден од девет тест-проекти кој доби владина поддршка како дел од иницијатива за промоција на 5Г технологијата и како таа може да биде од корист на Британија во повеќе области. Ова е истовремено и контра-реакција на ширењето на теории на заговор од пролетта 2020 наваму, не само во Британија туку и глобално, околу штетноста на 5Г технологијата, па дури и нејзина поврзаност со ширењето на ковид-19. Aтенборо е и еден од славните Британците кои веќе ја примија вакцината, меѓу кои и aктерите Jан МекКелен и Џоан Колинс. 

13 јануари 2021 - 12:21