За време на средбата од 5. коло во Примера меѓу Бетис и Атлетик Билбао (2:2), гостинскиот играч Јури Берчиче во еден дуел замавнал со лакт и го удрил домашниот фудбалер Франсис Гереро при што му избил еден заб. По крајот од мечот Гереро се вратил на терен да си го бара забот а му помагале од тренерите и соиграчите до децата кои фаќаат топки.