Таг: втора полска лига

Ако не па да го зголемиме голот за тебе?

Без разлика на конкуренцијата, прва, втора или трета лига, не можеш да промашиш вакво нешто. Едноставно ја имаш, во трк си, додавањето е одлично, ногата ти е адекватно поставена, а ти ја дуваш кај пченките. Се работи за второлигашки меч во Полска.

Оди дај ваков гол на 15 години да те видам

Не е ова У-16, У-18 или некоја друга младинска категорија, туку втора полска лига каде дете на 15 години по име Каспер Садлоха импресионира со приемот и волејот. Ова е лепота за гледање и веројатно тешко за изведување и за веќе зрел стрелец, а камо ли за дете на тие години.