Стадиончето на нисколигашот Вокинг, „Кинфилд“ беше исполнето до последно место (капацитет 6.000) за мечот од ФА Купот против премиерлигашот Вотфорд. Гостите славеа 0-2 и го избегнаа срамот на Лестер кој испадна од четвртолигашот Њупорт. Во второто полувреме од мечот Исак Саксес го фрли помошникот судија преку ограда и не се сврти ни да му се извини.
Бекот на Вокинг, Џо Џонс стана анти-херој на сезоната во англиската петта дивизија. При резултат 2-2 против Маклесфилд, во 94’ минута топката отиде кон празниот гол и Џонс се помири дека влегла, ама...