Се работи за третолигашка конкуренција меѓу Водњански лисици и Бутел. Домаќините имаа последен напад од само 0,6 секунди до крај за да ја анулираат негативата од 79:80. Им успеа со неверојатно брз кош и тоа после едно промашување за конечни 81:80. Се сеќаваме еднаш Хаким Олајџувон успеа да реализира за 0,4 секунди.