Репрезентацијата на Бугарија направи право чудо откако ја совлада Португалија (во полн состав) на гости со 0:1. Јунак на победата на утрешниот противник на Македонија (Арена Филип Втори,19:00) беше голманот на Лудогорец Владислав Стојанов кој одбрани преку 20 удари на Португалците за на крајот да му фати пенал на Кристијано Роналдо. Тоа му беше втор одбранет пенал на Кристијано, по оној на дуелот Лудогорец - Реал Мадрид во ЛШ лани.