Со почетокот на фудбалските натпреварувања се забележува секој најубав гол, најдобар потег, одбрана и слично, а во изборот влегуваат и промашувањата на годината. Веќе го имаме фаворитот за титулата цреп на годината. Рускиот Краснодар го торпедираше унгарски Диосѓор на гости со 5-1 на квалификациски меч од Лига Европа, а резултатот можеше да биде поубедлив да не беше епското промашување на Бистров.