Таг: вимблдон 2023

Рубљов го има поенот број 1 на Вимблдон, Бублик се скамени

Андреј Рубљов е четвртфиналист на Вимблдон, откако во драматична и неизвесна битка го доби Александар Бублик со 3:2. Русинот водеше 2:0 во сетови, но Бублик успеа да се врати и тоа после тај брејк во третиот и четвртиот сет. А сега погледнете на каков начин Рубљов се избори за меч топка по која го обезбеди триумфот. Без зборови го остави и противникот и коментаторот. Неверојатно.

Вавринка пред дуелот со Ѓоковиќ: Ќе уживаме ако не загинам

Во трето коло на Вимблдон, вечерва од 19 часот имаме битка на ветерани меѓу Станислав Вавринка (38) и Новак Ѓоковиќ (36). На Швајцарецот не му до слушање досегашни скорови и некакво евентуално уживање против еден таков противник.

За романтичниот и посебен однос на Ѓоковиќ со теренот на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ ја мина и втората рунда на Вимблдон откако го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 3:0 (6:3, 7:6 и 7:5). За него ова е 41-ва победа во низа на централниот стадион во Ол Ингланд клубот, а непобедливоста од 10 години на овој терен ја објасни на интересен начин.

Победнички старт на Ѓоковиќ зачинет со убав гест по мечот

Временските услови во првата рунда на Вимблдон не му се погодија на Новак Ѓоковиќ, бидејќи заврна дожд и се натопи тревата, ама Србинот сепак без проблеми го скроти Педро Качин со 3:0. На заминување од терен застана кај едно девојче со количка и извади подарок од торбата кој и го потпиша на лице место.

Атракција на Вимблдон уште пред стартот

Најелитниот тениски турнир во светот почнува на 3 јули, ама тоа не значи дека нема што да понуди и сега. Во рамките на квалификациите меѓу Таро Даниел и Марк Труњелти имаше спектакуларна размена на удари со фрлање по земја, по што и двајцата тенисери завршија со симпатични насмевки.