Таг: виктор ѓекереш

Манекени, не бива од фризер на утакмица

Довчерашната гол-машина на Спортинг, Виктор Ѓекереш го реметат на социјалните мрежи дека бил дрво на дебито за Арсенал против Манчестер Јунајтед и дека не се споил со топка. Кој знае каков коментар би дал за клипов Рој Кин и ред други строги ликови од таа фудбалска клапа. Абе 5 саати ја мазни, мислиш на модна писта работи.

Викторе и ти од наш Тони учеше а?

Виктор Ѓекереш од Спортинг ја игра сезоната од соништата со 44 гола на 44 средби сезонава на сите натпреварувања. Шведскиот напаѓач, кој 2024-та ја заврши со 10 репрезентативни гола на 7 средби, на дуелот против Брага се истакна со доста впечатлив слободен удар, на кој доста ретко се решаваат фудбалерите.