Се испењавија фудбалерите на Јуве пред голот на ПСВ. На ти ја, дај ми, па ја загубија, ама и другиве не беа поарни. На крај Вестон Мекени ја дупна топката и ја искина мрежата. Душмански ја закачи.
Манчестер Сити е во сериозни проблеми кои си ги зголемува од натпревар во натпревар. Кај примаат голови од кој стигнат, па уште и атракции им прават во шеснаесетник. Вестон Мекени си го направи ќеифот ептен.
Финалето го имаа в рака со 0:0, а од 90-та до крај Јуве да прими два гола е скоро невозможно. Но за секој случај Вестон Мекени му се постави на Перишиќ како столб и му одигра како врвен деванзивец. Плус истрча од еден до друг крај. Какво гинење за тимот.
Вестон Меккени стана еден од најдобрите фудбалери на италијанскиот шампион кој скоро сигурно ќе го откупи неговиот договор од Шалке. Американецот е прав хит во Серија А, а против Болоња на интересен начин го прослави голот.