Таг: василије аџиќ

Драмата на Сасуоло - Јуве која ја реши 20 годишен Црногорец

Сасуоло и Јувентус одиграа супер интересен натпревар во 4. коло од Серија А. До 65-та минута беше 0:0, а потоа паднаа дури 5 гола. Вистинската драма почна во 89-та минута кога домаќините поведоа со 2:1, за во 91-ва минута, Косоварот Едон Жегрова да го израмни резултатот. Точка на мечот во 94-та минута, стави Василије Аџиќ, детето на Јуве кое од летовото игра како позајмен играч во Сасуоло.

Лудо голчиште на Аџиќ од скоро 50 метри

19 годишниот Василије Аџиќ ги фрли во транс навивачите на Јувентус со еврогол во 91-ва минута за триумф над Интер од 4:3. Па уште и деби гол. Погледнете го каков слободен удар има изведено во дресот на Црна Гора У-19.

19 годишен Црногорец со херојски еврогол го реши Интер во 91 минута

Дербито на Италија понуди спектакл во 3. коло од Серија А со 7 гола. Јувентус го совлада Интер со 4:3 и тоа со деби гол на Василије Аџиќ, дете родено 2006-та. Гостите имаа предност од 2:3 до 76 минута со двата прекрасни погодока на Чалханоглу и еден на Маркус Турам. Но, во 82-ра минута резултатот го израмни брат му Хефрен Турам, а потоа финишот во 91-ва минута беше лудило.