Асоцијацијата пак на скопјанката Уснија е песната која беше неофицијална химна за сите "певаљки" - онаа за нишката "Џерима". Уснија беше онаа на која и се оствари "американскиот сон" и од кафеанското милје и масите со коцкести чаршафи влезе во белградскиот "круг на двојката". Газдата на "Џерима", некогашен нишки милионер Раде Живковиќ наречен Џерима (а не Џеримо, по легендарниот поглавица на Апачите!), кој сепак и во најдобрите денови возел "половен дизел мерцедес на гас" деновиве продава пиперки на зелените пазари и говори за своите славни денови.