Аријан Адеми е нов играч на тимот на Ујпешт. Заминува од Динамо Загреб како легенда и најодликуван играч во историјата на клубот со 24 трофеи од кои 13 шампионски титули, како и рекордер со 110 европски настапи. Втор е на листата според вкупен број на средби со 430 настапи. Ќе работи со Дамир Крзнар, кој му беше тренер во Динамо. За него ова ќе биде втора меѓународна кариера, откако во 2023-та беше на 6 месечна авантура во Кина.