Иако беше фаворит, селекцијата на Турција имаше жешко гостување против Косово, кој е фудбалски во подем, со играчи во силни странски клубови. Трибините во Приштина се затресоа за момент. Погледнете што им фати Угурчан Какир на домаќините.
Турскиот елитен фудбал ја игра можеби најнеизвесната сезона откако постои. Пет-шест клуба се борат за титулата. Првопласираните три екипи имаат ист број на бодови. Викендов се одиграа две дерби средби, стадионите крцаат во цела земја. Галата го победи Фенербахче на гости после цели 20 години, а Трабзонспор оддолеа кај Бешикташ (2:2) само благодарение на лудиот голман Угурчан Чакир (23 години има).