Таг: трипл-дабл

Магијата на Лука Дончиќ против Сан Антонио

Дончиќ синоќа стана вториот најмлад играч во историјата на НБА кој забележал трипл-дабл со најмалку 40 поени. Само Леброн Џејмс имал таков учинок. Словенецот во триумфот на Далас над Спарс 117:110 постигна 42 поени (14/27 од игра, 5/13 за три поени) со 12 асистенции и 11 скока.

Никола Јокиќ направи маалска фора и ја крена публиката

Српскиот репрезентативец игра страшна сезона. Синоќа во триумфот на неговиот Денвер против ЛА Клиперс го оствари петтиот трипл-дабл во сезоната: имаше 18 поени, 14 скока и 10 асистенции. Ама еден потег посебно ја импресионираше цела сала.