Дигиталниот магазин за домашен фудбал „Footbla Digital“ ги собра на едно место најјаките голчишта од полусезоната во првата македонска лига. Компилацијата е доста богата и атрактивна, па така на пример Клисман Чаке се истакна како Кварезма, а Нијаз Лена се претвори во Жунињо.
Сезоната е на пола, ама Французите веќе направиле пресек со најубави 10 погодоци. На ваква силна топ листа нема потреба да ги редиш по број бидејќи сите се за прво место. Внимавајте на комбинацијата Нејмар - Курсава, морници да ти поминат.
Европското првенство во Франција на 36 натпревари во групната фаза ни донесе 69 голови за гледање или во просек по 1,9 по натпревар, што и не е многу. Компилацијава на најдобрите 10 која ќе ве врати назад што видовме од 10 јуни па наваму.
Кристијано Роналдо, Иван Ракитиќ, Лионел Меси, Луис Суарез, Марко Ројс, Карим Бензема, Роберт Левандовски и Венсан Абубакар се стрелци на најубавите 10 голови во Лигата на шампионите сезонава.