Околу 50 играчи од Битола, репрезентативци на Македонија, оставија длабоки траги во македонскиот фудбал. Голем дел од нив со меѓународна кариера во Србија, Грција, Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Германија, Франција...
Енис Барди има 23 години, Тони Мицевски 48, ама тука нема разлика кога ќе го видите старото како изведува слободен удар. Поранешниот македонски репрезентативец кој играше во Бундеслига, уште игра активно фудбал во родното село Поешево. Погледнете му ја најновата мајсторија на ревијалниот меч меѓу ветераните на Победа и Пелистер. Каков цар.
Верувале вие или не, Тони Мицевски на 48 години игра активно за тимот на Поешево во регионалната лига на Битола. Во триумфот над Црнобуки ГЛ од 5-0, некогашниот македонски репрезентативец во негов стил распали. Неговиот Поешево е прв на табелата.
Кариерата ја почна во Поешево на 17 години во 1987-ма. Да, сега сме 2017-та, Тони има 47 и уште ги дрибла во своето село. Деца учете, гледајте и нека ви биде чест. Па кој друг фудбалер кој стигнал до Бундеслига, се вратил да се поти на терени каде шетаат крави.