Фудбалските викенди ретко поминуваат без некое смешно и нелогично промашување, а овој пат такво имаше во Португалија. Порто одигра 1:1 на гостувањето против Маритимо, а шпанскиот напаѓач Тони Мартинез не ни успеа да шутне на метро од гол.