Таг: тимска игра

Оди повтори го ова да те видам

Ние тројца, тие тројца плус голман. Не можеш да ги пратиш, а не па да ги спречиш. Едвај 4 секунди им траеше акцијава.

Учебник за тимска игра од Ајакс само од сезонава

Лани импресионираа, го елиминираа Јуве и стигнаа до полуфинале во ЛШ. Ама лани за лани. Погледнете ги овие момци што играат сезонава во која водат мртва трка за нокаут фаза во ЛШ, а во првенство имаат 43 гола на 13 средби и скор од 11 победи и 2 нерешени.

Тимски дух пуштен на најјако

Не е битно кои се момциве, на какво игралиште играат од кое се гледаат згради и мост, туку битна е хемијата која ги краси. Обично ги пцујат ваквите кои изведуваат слободен удар во напад, а потоа топката ја враќаат назад, ама оди замери им нешто да те видам. Маестрално одиграно од почеток до крај.